SEAT оригинален квалитет

SEAT оригинални амортизери

Амортизерите во Вашиот SEAT ги апсорбираат нишањата и се грижат за поголем комфор и безбедност при возењето. Дознајте повеќе за амортизерите, како навремено можете да ги препознаете и отстраните оштетувањата.

SEAT оригинален квалитет

Поправка на амортизери

Оштетените амортизери го зголемуваат безбедносниот ризик, бидејќи на тој начин се продолжува патот при сопирањето и се намалува возната стабилност. Поради тоа, тие треба што е можно поскоро да се заменат. SEAT оригиналните амортизери се оптимално прилагодени на Вашето возило и се грижат за безбедно чувство при возењето.

SEAT оригинален квалитет

Амортизерот

Возилото има четири амортизери, по еден на секое тркало. За да се овозможи безбедност при возењето и со високи брзини, сите амортизери мора да функционираат беспрекорно. Дури и при само еден дефектен амортизер, опасноста од незгоди е значително поголема, пред сè во екстремни ситуации, како на пример при целосно сопирање од голема брзина, при возење по влажен коловоз од дожд и слично.

Поради тоа, амортизерите треба задолжително редовно да се проверуваат во сервисната работилница на SEAT и да се заменуваат во одредените интервали за нивна замена.

This block existed in GroupCMS 2 and was not migrated!
Name: Theme_Content_NewsHeadline_Component
Функција на амортизерите

Амортизерите се грижат за оптимален контакт помеѓу возилото и коловозот, за да може возилото да се управува и запира и при екстремни маневри на возење и сопирање.

Амортизерите делуваат заедно со пружините во возилото. Тие се грижат за тоа, да ги смират пружините кои вибрираат и на тој начин да создадат стабилност. Доколку се премостува некоја препрека, најпрво пружината го презема движењето и со тоа ја израмнува нерамнината. Движечката енергија на пружините се проследува до клиповите на придушувачот, којшто во цилиндар наполнет со масло создава топлинска енергија преку триење на течностите и преку прецизна усогласеност на вентилите и на тој начин движењето значително се намалува.

Конструкција на амортизерите

Модерните Возила се најчесто опремени со амортизери под притисок на гас. Амортизерот под притисок на гас се состои од цилиндар, во којшто се движи клипот на придушувачот. Колку подлабоко клипот навлегува во цилиндарот, толку повисок станува притисокот во внатрешниот простор. Гасот којшто притоа се компримира создава отпор и така го овозможува придушувачкото дејство. Дихтунгот помеѓу клипот и цилиндарот спречува да излезе гасот. Амортизерот е поврзан со каросеријата на страната на клипот, а на страната на цилиндарот со пружините и тркалата.

Оштетувања и поправка на амортизерите

Абење на амортизерите

Амортизерите се абат поради постојаното оптоварување при возењето. Абењето може дополнително да биде забрзано поради следните фактори:

  • Тежок товар
  • Дополнително оптоварување со приколка
  • Екстремен (спортски) начин на возење
  • Лоши патишта

Амортизерите треба на редовни интервали да се проверуваат во рамките на контролната проверка на сервисната работилница. Притоа, освен визуелна проверка треба исто така да се изврши и проверка на функционирањето.

Оштетувања и поправка на амортизерите

Препознавање дефекти кај амортизери

Доколку амортизерите повеќе не функционираат правилно, доколку се занишуваат при секоја нерамнина, при сопирање и забрзување, како и при запирање и ако возачот почнува да ја губи контролата врз возилото.

Други негативни последици од оштетени амортизери:

  • Подолг пат на сопирање, пред сè при нерамен коловоз
  • Зголемена опасност од лизгање во кривини
  • Преран аквапланинг
  • Намалена прилепеност до подлогата при препреки
  • Силно абење на пружините и лагерите на тркалата
  • Лошо водење по лента
  • Изменето однесување при возењето
  • Ограничено дејство на електронските системи за регулирање како ABS и ESP
Seat оригинални амортизери

Замена на амортизери

Ако амортизерот е во дефект, истиот треба задолжително да се провери во стручна сервисна работилница и ако е потребно да се замени. При замена начелно секогаш истовремено се менуваат двата амортизери на една оска (напред или назад). Тие се усогласени еден со друг и мораат да имаат исто дејство.

Притоа, Вашиот сервисен партнер за SEAT знае точно, на што треба да се внимава при менувањето на амортизерите.