економски концепт, под Усогласеност се подразбираат сите мерки, кои ги донесува компанијата за да гарантира дека вработените и членовите на службените органи се однесуваат соодветно во поглед на законските прописи и забрани, интерните правила, одредените претстави за вредности и изјавите до јавноста.
Марката SEAT, како составен дел на Концернот Volkswagen, се залага за внимателен, искрен и правилен однос во деловното секојдневие. Ние сме убедени дека одржливиот економски развој може да се обезбеди само ако се следат и почитуваат правилата и стандардите.
Од таа причина, марката SEAT се придржува не само кон законските туку и кон интерните одредби. Исто така и доброволните постоечки обврски и етички начела ги гледаме како интегрален составен дел на нашата култура на компанијата и како водилка, со помош на која ги донесуваме нашите одлуки.
Овие обврски, интерни регулативи и етички принципи се силно втемелени во нашите начела на однесување. Тие се првиот показател за нашите вработени и деловни партнери, кои ги опфаќаат суштинските основни принципи на нашето делување и ни помагаат во совладувањето на законските и етичките предизвици со секојдневното работење.