Ibiza Style

Крстарење со вистинскиот талент.

SEAT Ibiza Style schräge Frontansicht
SEAT Ibiza Style schräge Frontansicht
Макс. Моќ
0
0
 КС
Макс. Брзина
0
0
 km/h
Забрзување (0-100 km/h)
10
 s
10
 s
Преглед на Ibiza Style

Сè-во-едно: стилот се среќава со удобноста.

Style потенцира

Современа и урбана.

Таква ја сакаме SEAT Ibiza Style.

Со апсолутен шарм одвнатре и софистициран дизајн однадвор.

Со Eco-LED светла, редизајнирани браници и избор на елегантни алуминиумски фелни, SEAT Ibiza Style ви овозможува да го живеете животот во врвна форма.

Браници, куќишта на ретровизорите и рачки на вратите во боја на каросеријата

Возете во совршена хармонија, надворешноста на SEAT Ibiza Style е заокружена со елементи во боја на кароеријата.

Eco-LED светла и халогени задни светла

Одржувајте ниска потрошувачка на енергија и осветлете ја ноќта со напредните предни и задни светла.

Luxury 16“ Brilliant Silver алуминиумски фелни

Стандардните Brilliant Silver алуминиумски фелни го надополнуваат изгледот.

Заден браник со скриенa издувна цевка

Уживајте во нагласениот заден браник со спортска скриена издувна цевка.

Технологија и удобност

Ново искуство на патот.

Со најиновативните технологии и најдобрите системи за помош при возење од SEAT Ibiza Style.

8" дигитален дисплеј

Сè онаму каде што треба, со дигиталниот дисплеј кој ги прикажува податоците што ви се потребни непосредно пред вас.

Climatronic

Поставете и дефинирајте ја совршената внатрешна температура, без разлика какво е времето надвор.

Сензор за светлина и дожд

Опремен за секакви временски услови. Возете опуштено со автоматското прилагодување на вашите бришачи на ветробранското стакло и светлата.

8,25" Media System

Вашите апликации, мапи, музика и повеќе, на едно место, за да можете лесно да уживате во нив додека сте во движење.

Безбедност

Сè е проверено.

Новата SEAT Ibiza е опремена со напредни системи за помош при возење за да можете да се концентрирате на забавата.

Lane Assist - Помошник за одржување лента

Благодарение на нежно корективно управување, овој полуавтономен систем за возење го одржува вашиот автомобил на средината на лентата.

Rear Parking Sensor - Заден сензор за паркирање

Маневрирајте без напор благодарение на предупредувачкиот сигнал за поддршка кода се движите наназад.

Front Assist

Front Assist спречува судири со автоматско сопирање ако премногу се приближите до возилото пред вас.

Откривање на замор

Во случај на невообичаени маневри додека возите, се огласува акустично известување заедно со визуелен аларм.

Кој ќе биде ваш?
Вашата SEAT Ibiza, вашиот стил.
  • Фокусирајте се на она што е важно
  • Крстарење со вистинскиот талент.
    • Фокусирајте се на она што е важно
    • Крстарење со вистинскиот талент.