Без оглед на сите разлики на глобалните пазари за автомобили, кај сите пазари едно е заедничко: тековното засилување на законските стандарди за издувни гасови. Со SCR дизел технологијата можно е да се запазат строгите гранични вредности на издувните гасови на Европската Унија. Со помош на синтетички произведениот раствор со уреа AdBlue®, кој драстично ги намалува емисиите на азотни оксиди, се осигурува Euro 6. Со тоа дизел моторите на SEAT ги исполнуваат строгите стандарди на околината.
AdBlue® е синтетички раствор кој не штети на околината. Растворот се состои од ултра чиста уреа (32,5 %) и деминерализирана вода (67,5 %). AdBlue® производите кои ги нуди SEAT се гарантирани квалитетни производи, употребата на раствори со уреа со лош квалитет може да предизвика оштетувања на системот за издувни гасови (SCR катализатор).
Големината на AdBlue® резервоарот и местото на вградување на отворот за полнење се разликуваат од еден модел до друг. Потрошувачката зависи од стилот на возење, од оперативната температура на системот и од временските услови. Така на пример SEAT Alhambra е опремена со резервоар за AdBlue® од 17 литри. Отворот за полнење се наоѓа во багажниот простор.
Количината на наполнетост на AdBlue® резервоарот се надгледува електронски. На возачот на борд компјутерот му се прикажуваат три последователни предупредувачки напомени за дополнување AdBlue®. Идеално AdBlue® треба да се дополни при првото предупредување.
Препорачуваме AdBlue® резервоарот на Вашето возило да го дополнувате во стручна сервисна работилница. Овластените сервиси на SEAT не само што секогаш имаат AdBlue® на лагер, туку исто така и располагаат опремата потребна за чисто дополнување. Нашите обучени вработени во сервисот на SEAT со задоволство се тука за Вас!